Skip to main content

Април ќе биде најтешкиот месец во годината за овие 4 знаци, ги очекуваат сериозни проблеми и немаштија

Freepik

Индиските астролози тврдат дека април ќе помине без поголеми неволји за повеќето хороскопски знаци, но четири знаци многу ќе страдаат месецов. Стресот, неизвесноста и финансиските проблеми ќе бидат дел од нивното секојдневје.

Дознајте на кој знак му припаѓате според индискиот хороскоп и дали сте меѓу најнесреќните…

Овен/бик (Меша) – 14. април до 14. мај
Втората половина од април, лицата родени во овој знак ќе почувствуваат силен порив да направат големи промени во својот живот. Сепак, треба да бидат внимателни – импулсивните одлуки може скапо да ги чинат. На работа ќе владеат конфузија и стрес, а возможни се и конфликти. Емоциите ќе им бидат на работ, па важно е да останат прибрани. Посебно треба да внимаваат во сообраќајот – одбегнувајте да возите ако сте лути или изморени. Иако приходите ќе ви бидат релативно стабилни, трошоците ненадејно ќе пораснат и ќе предизвикаат чувство на финансиска несигурност.

Бик/близнаци (Вришабха) – 15. мај до 14. јуни
Од средината на април, претставниците на овој знак ќе се соочат со зголемен стрес. Дури и ако се обидат да побегнат од проблемите, тие ќе ги пречекаат штом се вратат. Старите непријатели може повторно да испливаат на површина и да се обидат да им наштетат. Потребни се многу трпение, мудрост и труд за да ги надминат предизвиците. Добрата вест е што со упорност, сепак, ќе излезат како победници од целата ситуација.

Јарец/водолија (Макара) – 15. јануари до 12. февруари
Цел април ќе биде исклучително напорен за овој знак. Психичкиот притисок, лошата концентрација и избрзаните одлуки можат да направат хаос, како во професионалниот, така и во приватниот живот. Постои голема шанса да пресечат нешто важно во афект – и подоцна тоа да им се одбие од глава. Најдобро е да не одбегнуваат преземање одговорност и да не им префрлаат обврски на другите. Возможно е патување во странство, но и таму нема да најдат мир.

Водолија/риби (Кумбха) – 13. февруари до 14. март
Одлуките донесени во втората половина на април нема да доведат до очекуваните резултати. Стресот ќе им го наруши сонот, а несоницата дополнително ќе им ја зголеми нервозата. Се наоѓаат во маѓепсан круг и не знаат како да излезат од него. Ќе имаат проблеми поврзани со работа, патувања и проекти од странство. Кон крајот на месецот трошоците ќе кулминираат, а многумина ќе бидат принудени да побараат финансиска помош или да позајмат пари.