Skip to main content

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

ДЗР

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се од продаден имот стекнат на криминален начин.

Овој имот е запленет со правосилни судски пресуди, зашто е стекнат со криминал и со него управува Агенцијата, која не смее да ги злоупотребува парите од неговото отуѓување.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има утврдено многу неправилности во работењето на Агенцијата.

За оваа дупка во државниот Буџет, како и за другите неправилности што ги утврди ДЗР, како на пример безусулно трошење од страна на директорите на Агенцијата под ставки „договорни услуги“ и „други тековни расходи“, од Обвинителството за СДК.МК велат дека веќе е отворена предистрага.

Не ги уплатиле сите пари во Буџетот, нивните финансиски извештаи не се точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите на вработените во Агенцијата за управување со одземен имот. Ова се дел од забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени во Буџетот.

Анализата на остварените приходи од продажба на одземен имот и уплатените средства во Буџетот на државата реализирани од Агенцијата во период од 2011 до 30 септември 2024 година упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1.650 милијарди денари, во Буџетот на државата уплатени се 1.205 милијарди денари, односно уплатени се 445 милиони денари помалку“, наведува Државниот завод за ревизија.

Ревизорите утврдиле и дека како неискористени парични средства на депозитната сметка на Агенцијата, на 31.12.2023 година се нашле 40.721 илјади денари, кои не се уплатени во Буџетот на државата.

Повеќе на СДК.мк

Поврзани вести