Skip to main content

Тен Хаг оди во Рома?

Менаџерите на холандскиот тренер Ерик Тен Хаг ги отфрлија тврдењата дека се во преговори со Рома за негов ангажман на клупата на калчолигашот, објавија денеска италијанските медиуми.


Тен Хаг синоќа на Олимпискиот стадион во Рим го следеше натпреварот меѓу Рома и Јувентус (1:1) во Серија А, по што се појавија шпекулации дека поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед дошол да преговара за идна соработка со римскиот клуб.

Сепак, неговите менаџери ги негираа овие наводи и рекоа дека Тен Хаг отпатувал во главниот град на Италија за да го гледа важниот домашен натпревар на Рома, објавија Газета дело Спорт и Калчомеркато.


Газета објави дека Тен Хаг не одговорил на прашањата на навивачите на Рома дали ќе биде назначен за наследник на 73-годишниот Клаудио Раниери. Неговиот договор истекува во јуни, а Раниери најави ова е неговата последна сезона во тренерската кариера