Skip to main content

Си-Ен-Ен: САД веќе потрошија милијарда долари за воената операција против Хутите – без значителен ефект

freepik

Американската воена кампања против движењето Ансарулах (Хути) во Јемен достигна речиси една милијарда долари за помалку од три недели, а има само ограничен ефект врз борбените способности на групата, објавува Си-Ен-Ен.

Операцијата, која почна на 15 март, вклучува употреба на крстосувачки ракети „JASSM“, прецизни бомби „JSOW“ и ракети Томахавк. Во нападите учествуваа и бомбардери Б-2 стационирани во базата Диего Гарсија во Индискиот Океан, а во регионот во блиска иднина ќе бидат распоредени дополнителен носач на авиони и неколку борбени ескадрили.

Сепак, и покрај масовните напади, Хутите продолжуваат да напаѓаат бродови во Црвеното Море и успешно соборуваат американски беспилотни летала. Пентагон признава дека Хутите успеале во голема мера да ги задржат своите засолништа и воени арсенали.

Операцијата беше критикувана од некои американски политичари, вклучувајќи го и потпретседателот Џеј-Ди Венс. Според извори на Си-Ен-Ен, дел од американската воена команда изразува загриженост за падот на воената готовност во индо-пацифичкиот регион, бидејќи се потрошени значителен број ракети со долг дострел потребни во случај на евентуален конфликт со Кина.

Поврзани вести