Skip to main content

Joкиќ се врати во голем стил, со трипл дабл

Nikola Jokic foto: Instagram

 Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази.