Skip to main content

Хамас го нападна Израел додека Додик даваше изјава

Снимен е моментот на дејствување на израелскиот противракетен систем „Железна купола“ врз проектили истрелани од Хамас од Појасот Газа при посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик на Кибуц Бери.

Овде сме во Кибуц Бери каде што… – се слуша како Додик ја започнува својата изјава кога одеднаш го прекинува звукот на експлозии.

Човекот кој во тој момент стоел до Додик вели дека тоа било пресретнување на проектил.

Додик е во посета на Израел, каде што треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Пред средбата со Нетанјаху, Додик го посети Кибуц Бери, местото на првиот напад на терористите од Појасот Газа.

Поврзани вести