Skip to main content

Петар Милетиќ: „Канвас“ треба да се прогласи за терористичка и некрофилска организација

Срѓа Поповиќ од организацијата „Канвас“, треба да се прогласи за терористичка и некрофилска организација, пишува на својот фејсбук профил Петар Милетиќ,член на претседателство во Српска Напредна Странка во Македонија (СНСМ) и Претседател на СНСМ Град Скопје..

Таа иста организација од странски фондови зема пари за да организира протести во сопствената држава, а исто така за да подбуцнува протести и во соседни држави. Некрофилска велам поради тоа што на маката и прерано згаснати животи, а воедно и болката на семејствата сака да профитира и да поттикне насилни протести и да се обиде да ја попречи истрагата и спроведувањето на правдата.

Организацијата „Канвас“ е истата онаа која ја организираше т.н. „шарена револуција“, како и протестите кои беа организирани ширум Србија. Затоа треба да се забрани и згасне како организација, а нејзиниот водич треба да се изнесе пред лицето на правдата, да се истражат неговите финансиски средства и трансфери, од каде доаѓаат и кого сѐ го имаат ангажирано, колку од овие финансии завршиле кај него и со колкав капитал располага Срѓа Поповиќ?!

Поврзани вести