Skip to main content

Универзитетско студентско собрание при УКИМ: Медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, наместо големи собири по кампуси ќе се организираат само собири на ниво на факултети

Универзитетското студентско собрание при УКИМ информираше дека наместо големи собири по кампуси ќе се организираат само собири на ниво на факултети. Целта е изразување почит и сочувство за загинатите во пожарот во кочанската дискотека.

„Овие црни денови не се момент да се делиме, ниту да се пренасочуваме едни против други. Да се сплотиме како студенти и да си ја распределиме тагата, така е полесна“, велат од универзитетското собрание при УКИМ.

Одлуката е донесена за да не се создава дополнителен метеж. Ваквите собири се случуваат во време кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации.

Поврзани вести