
Добро е што ги поминавме првите критични 72 часа и нема ниту еден починат од повредените пациенти од трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица главно на возраст меѓу 14 и 25 години, а над 190 беа повредени. Се надевам сите пациенти ќе закрепнат и понатаму на следните прес-конференции ќе зборуваме колку од нив си одат дома, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари.
Министерот кажа дека вкупно се третираат 178 пациенти низ различни установи од кои 64 во болниците од јавното здравство во Скопје и во Штип и 13 во приватните, а во моментов 101 пациент е на лекување во странство. Денеска ќе бидат транспортирани последните пациенти за странство, претпладнево и попладне и со тоа ќе заврши испраќањето пацеинти на лекување надвор од државата.
Од денеска ќе почнат да функионираат хируршките клиники, не со полн капацитет, туку тие што се онколошки пациенти, а од утре се надевам сите клиники ќе почнат да работат комплетно со програмите што им биле планирани, изјави Таравари.
Таравари вчера заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцински беа во посета на згрижените пациенти во Солун и во Софија.
Јас лично ги посетив сите пациенти во Грција, во болницата „Папаниколау’, каде што се тројца и двајца во воената болница во Солун. Се видовме и со семејствата на пациентите, сите се презадоволни од третманот. Оттаму продолживме во болницата во Софија, каде што се девет пациенти и лично еден по еден ги видов сите. Сите се стабилни, вчера двајца екстубирани, денеска планираат уште двајца да се екстубираат, изјави Таравари.
Во клинички центар во моментов има 35 пациенти, во КАРИЛ се 5 плус еден пациент, еден е за транспорт, последниот транспорт на пациенти е денес, нема веќе да има заминување во странство. Денеска двајца пациенти ќе одат за Шведска, од 11,30 и попалдне. На детска хирургија 4, на пластична хирургија 6, сите се стабилни, торакална 4, трауматологија 2, еден се испишува оди дома, на токликологија 10 сите стабилни, двајца на пулмологија и еден на офталмологија. Во ГОБ „8 септември“ се 12 пациенти во стабилна состојба и двајца што ќе патуваат за Шведска. Во градска има 11 пациенти и во Штио тројца и двајца си одат дома.
Државите во кои се лекуваат пациените се: Бугарија 15, Србија 30, Грција 12, Турицја 9, Унгарија и Австрија по 6, хрватска 5, по четворица пациенти има во Словенија, Литванија, Белггија, Италија, во Полска има 2 и за денеска последните трансфери вкупно 5 пациенти.