
Овој коментар ми го избриша Димитар Апасиев, и како што е редот ме блокира, иако плата зема моронот од мој данок, вели Методија Анѓелкоски споделувајќи го својот коментар за системот, кој го изиритирал лидерот на Левица.
СИТЕ сме виновни. Системот не е само власт (сегашна или претходна). Системот сме НИЕ.
Колку пати сме одминале покрај скршена клупа во парк, со кородиран шраф што штрчи? Колку пати сме виделе олабавен ракофат на скали, дупка на патека, подотворена шахта на улица, и сме си рекле „не е моја работа“? Ако некој седне на таа клупа, се повреди и – не дај Боже – умре од тетанус на пример, сите ќе викнеме „системот не чини!“. Ќе урламе и врескаме „каде биле службите?“. Да, точно, каде се службите, но, каде бевме ние? Нема војска што може да ги провери сите клупи во држава од милион и пол возрасни луѓе. Нема инспектори за секој ракофат, за секоја дискотека, за секој подрум кој изигрува меана, секоја прчварница која станала коцкарница – со или без дозвола. Системот не е само власт, судство или законодавство. Системот не е само корупција на високо ниво – да повторам системот сме и НИЕ. Секогаш кога бараме „некој во министерство“ да ни заврши работа, секогаш кога се јавуваме во школо за „една двојка да напише професорот“, секогаш кога бараме кој братучед го знае докторот или судијата, па и секогаш кога не пријавиме очигледна неправилност, ние го храниме тој ѕвер што потоа нè голта.
Затоа Димитре, да резимирам: Виновен сум и Јас, од Охрид и не знаев ни дека има диско во Кочани. Знаеш кој е повиновен од мене? ТИ, бидејќи си пратеник и претседател на партија. Градоначалникот е повиновен од тебе, ти признавам тоа. Само аман не морализирај. Затоа што наместо да му се помочаш на СЈО, ти ги советуваше. Од ебеното СЈО тргна ерозијата на и така кревкиот систем.