Skip to main content

Поројчанец од невнимание си ја застрелал снаата

Вчера во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(46) од с.Порој.

Како што соопшти СВР Тетово, тој бил пријавен од Ќ.Р.(50) од с.Порој, сопруга на неговиот брат, дека истиот ден околу
13.00 часот во дворот на нејзината семејна куќа од невнимание ја повредил на рамото со воздушна пушка, по што ја пренел во Клиничка болница Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени пневматска пушка „Гамо“ калибар 5,5 милиметри, дозвола за оружје на негово име и една железна кутија со дијаболи.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести