Skip to main content

Бугарска работа: Фудбалски клуб изрази минута молчење за жив играч

Раководството на бугарскиот фудбалски клуб Арда му се извини на поранешниот играч на клубот Петко Ганчев за едноминутното молчење организирано во негов спомен.

– Раководството на клубот „Арда“ длабоко му се извинува на поранешниот играч на клубот Петко Ганчев и неговите блиски поради тоа што клубот доби неточни информации за наводна неговата смрт. На Петко Ганчев му посакуваме многу години здравје и успех, се вели во соопштението на клубот.

Арда на 16 март во натпреварот од 25. коло на бугарското првенство одигра нерешено со Левски на домашен терен – 1:1. Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење се оддаде почит за 78-годишниот Ганчев.

Веќе за време на натпреварот, прес-службата на клубот ја демантираше информацијата за смртта на својот поранешен член