Skip to main content

Националниот џез оркестар го одложи концертот на Мариа Мендес

Националниот џез оркестар извести дека концеротот на португалската пејачка Мариа Мендес, закажан за 25 март се одложува поради трагичниот настан во Кочани, кога на 16 март во дискотеката „Пулс“ изгореа 59 лица на возраст од 14 до 25 години, а 155 се повредени и се наоѓаат на лекување.

Во Македонија од неделата е воведна седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.

За новата договорена дата ќе ве известиме наскоро. Средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани преку MKTickets на вашата сметка, соопштија од Националниот џез оркестар.



Поврзани вести