Skip to main content

Марко Митев доживеа тешка повреда на натпреварот со Словенија и со количка беше изнесен од теренот

Фото: sport1.mk

Еден од најдобрите македонски ракометни репрезентативци, Марко Митев по само неколку минути поминати на теренот го заврши денешниот натпревар со Словенија во Копер. Организаторот на играта на Македонија во една транзиција лошо стапна и го повреди десното колено. Тој во 20.минута на носилки беше изнесен од теренот.

Се очекуваат информации за сериозноста на повредата на Митев.

Словенците на полувреме имаат предност од 20:12. 

Поврзани вести