Skip to main content

Театар Куманово со претставата за деца „Трнорушка“ селектиран на 24 меѓународен фестивал за деца и младинци „Волшебната завеса“ во Бугарија

Театар Куманово со претставата за деца „ТРНОРУШКА“ е селектиран на 24 меѓународен фестивал за деца и младинци „Волшебната завеса“ кој ќе се оддржи во месец мај во Трговиште, Бугарија.

Претставата „Трнорушка“ е во режија на Бојана Краљевска, а продукција на Театар Куманово. Во магичната бајка на браќата Грим играат: Нина Максимова, Сања Русеска, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ и Давид Илиќ.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, а изработката на костимите – на Дарко Илиевски.

Поврзани вести