Skip to main content
христијан мицкоски

Со мартовската пензија пензионерите ќе си го добијат линеарното покачување од 2.500 денари

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го добијат линеарното покачување од 2.500 денари, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

-Со линеарното зголемување од вкупно 5.000 денари „ЈВ индексот“ е доведен во некоја си нормала затоа што е намалена разликата меѓу екстремно сиромашното население и екстремно богатото, рече Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побараа од Владата да се зголеми границата за пензионирање.

-Жестоко се боревме тоа да не се случи освен оние што сакаат да можат да работат до 67 години старост. Застанавме позади правата на граѓаните и работниците. Бараа и зголемување на ДДВ-то и ме прашуваа зошто не го зголемуваме. Се боревме и не го направивме тоа. Бараа и променлив данок, но ние  викавме не, данокот ќе си биде рамен. Се боревме и ќе се бориме, рече Мицкоски.

Потсети дека Владата успеа да земе кредит од 250 милиони евра со каматна стапка од 1,95 проценти за компаниите.

-Има заинтересирани компании за 500 милиони евра. Тоа се 10 илјади нови работни места, потенцира Мицкоски.

Најави дека Владата ќе бара нови пари за компаниите насекаде во светот.

-Ќе бараме секаде. Кој ќе ни даде не е битно затоа што без добра и силна економија нема пари во Буџетот, а без пари во Буџетот ништо нема да правиме ќе нема ни капитални инвестиции, рече Мицкоски.

Прашан дали сите компании ќе имаат рамноправен пристап до средства од унгарскиот кредит од комерцијалните банки во земајва, рече дека Владата го надгледува процесот и не се меша во внатрешната работа на банките.

-Тоа е политика на комерцијалните банки. Тие имаат критериуми се знае по кој критериуми ги делат парите имаат договор со Македонската банка за обнова и развој. Не верувам дека ќе си дозволат шпекулативно однесување зашто станува збор за нивниот имиџ, рече Мицкоски.

Порача дека годинава за првпат е намален јавниот долг и дека во јануари е под 60 проценти.

-Од Унгарија зедовме кредит од 500 милиони евра, а потоа зедовме уште 500 за да вратиме ја вративме еврообврзницата која беше емитувана во 2018 година. Вративме 500 милиони долг од претходната влада. Ако сега излезевме на отворениот пазар немаше да платиме под 6 до 6,5 проценти, а ме обвинуваа за 3,25 проценти, прецизира Мицкоски.

Поврзани вести