
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.
Во понеделникот вечерта, едногодишниот питбул „скокнал на креветот и ја заглавил шепата“ на чкрапалото и пукал, се вели во извештајот на полицијата испратен до АФП.
Жртвата била ранета во ногата и била пренесена во болница поради полесни повреди.