Skip to main content

Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите

Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага.

Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската и трговска соработка во сегменти на транспортот и инфраструктурата, енергетиката, земјоделието, турзимот и културата и други сектори.

Денеска имаме еден вид на меѓувладина седница меѓу претставници на двете влади, на Владата на Македонија и Владата на Чешка, со присуство на повеќе сектори и повеќе министерства. Разговараме за економската и политичка соработка меѓу двете држави, добро е што има еден ваков Совет на високо ниво, кој разговара за економската соработка и се надевам дека ќе продолжиме и на средбите што ќе ги имаме во Скопје во текот на следните месеци. Секако, приоритет број еден е економската соработка, ги претставуваме можностите на Македонија во однос на директни странски инвестиции и можноста компании од Чешка да инвестираат во Македонија.

Исто така разговаравме за подобрување на поврзувањето на двете држави во однос на отворање на авионски линии, тука е секако изградбата на инфраструктурата, разговараме за можности чешки комании да се вклучат во инфраструктурните проекти во Македонија и македонски компании да дојдат тука во Чешка да работат.

Тука е соработката и во енергетиката која што е нов предизвик не само за нас тука за цела Европа и се надевам дека оваа добра политичка соработка која што постои меѓу двете држави ќе биде надрградена со една соодветна економска соработка.

Она што е особено значајно е што Чешка става на располагање еден голем фонд кој што е преку нивната државна инвестициска банка која што може да помогне разни компании кои би инвестирале во делот на нивни инвестиции во Македонија или во дел на нивна економска активност, така што се на се сметам дека посетата е успешна. Продолжуваме и во текот на денешниот ден, тука се претставници од многу министерства од Македонија и се надевам дека ќе имаме успешна и плодна работа денеска- изјави вицепремиерот Николоски.

Во рамки на работната посета на Прага, денеска вицепремиерот Николоски оствари средбa и со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република.

На средбата се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република во инфраструктурта и транспортот. Вицепремиерот уште еднаш ги потврди приоритетите на Владата за развој на авиосообраќајот и подготвеноста за поврзување на Скопје и Прага преку авиолинија како и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид-Карлови Вати.

Поврзани вести