Skip to main content

Нашата Лина ќе игра на главниот турнир во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.
Ѓорческа денеска по голема борба и дуел што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6(3)).

Во првото квалификациско коло, македонската тенисерка ја совлада Унгарката Мелинда Биро со 2-0 во сетови.
Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега ја очекува жрепката за главниот турнир, кој се игра за награден фонд од 60.000 долар