Skip to main content

Студенти на ФИНКИ ќе ги одржуваат системите на МОН и ќе смислуваат нови решенија и дигитлни услуги во образованието

Министерство за образование и наука

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, од денес ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието. Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага министерството и ќе учествуваат во креирање и имплементација на нови техничко – технолошки решенија и дигитални услуги во воспитно – образовниот процес.

Ова е уредено со меморандум за соработка кој денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски, а кој, како што информираа, зависно од потребите и можностите на двете страни, во иднина би можел дополнително да се надградува.

Согласно договореното, дополнително факултетот ќе организира и спроведува едукативни активности во форма на обуки, работилници и семинари за стручно усовршување на вработените во министерството. Од друга страна, министерството ќе поддржи практично усовршување на студентите од овој факултет. Предвидени се и заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натпревари за младите во информатичко – комуникациската сфера“, рече Јаневска.

Предивдени се заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натрпевари за млади во инфорамтичко-компјутерската сфера.

Студентите ќе имаат можност да видат како функционира една јавна институција, односно Министерството за образование и наука, а ние од нивната помош ќе добиеме квалитетни методи, инструменти и начини и реална помош на многу ректите информатичари во МОН, рече министерката Јаневска.

Студените тоа ќе го прават во склоп на нивната секојдневна пракса, односно ќе се зголеми праксата што генерално од МОН сметаат дека е мала на сите факултети.

Во сите факутети треба да се зајакне практичната работа, смета Јаневска.

„Имам должност да ги повикам и другите јавни институции и високообразовни установи да иницираат ваков тип на соработка. Да им дадеме можност на младите да се докажуваат и практично да се надградуваат уште додека студираат и со тоа да им го поедноставиме настапот на пазарот на труд по дипломирањето“, додаде Јаневска.

Ние имаме многу вработени, но Министерството нема капацитет за да ги обавува своите секојдневни потреби и да ги испорача услигите кон граѓаните, во овој случај училиштата и сите други образовни институции. Оттука, во процес на една технолошка ера и неопходн дигитализација на општетсвото која значи побрза, поефикасна услуга но и борба против криминалот и корупција. Овој меморандум кој денес го потпишуваме е од многу големо значење затоа што капацитетите на Министерството се навистина на многу ниско ниво, изјави Јаневска.

Деканот на ФИНКИ пак, рече дека образовната установа и досега му помагаше на МОН, но отсега во активностите ќе бидат вклучени и студентите за кои, како што рече, убеден е дека имаат потенцијал не само да препознаваат, туку да креираат решенија за сложени предизвици во ИТ сферата.

Претседателката на студентското собрание на ФИНКИ Анастасија Јакчулева е многу задоволна од укажаната можност.

Многу ми е мило што добивме можност за практична обука и за поддршка од МОН во дигитализацијата и дигиталното раководење. Сепак, образованието е најважниот сегмент во општеството. Морам да упатам блалгодарност и до професорите, изјави Јакчулева.

Поврзани вести