Skip to main content

Ватикан: Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување

Клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите, соопшти вечерва Ватикан во редовниот билтен за здравјето на понтифот.

Во соопштението се вели дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.

Лекарите информирале дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта, се вели во соопштението на Ватикан.

Поврзани вести