Skip to main content

„Матица македонска“ ја објави книгата „Прличев и епската традиција“ од академик Витомир Митевски

Деновиве во издание на „Матица македонска“ излезе од печат нова книга на акад. Витомир Митевски „Прличев и епската традиција“.

Научното дело на акад. Митевски е резултат на долгогодишна творечка преокупација со поетското дело на овој наш голем поет од XIX век. Во суштина, книгата претставува синтеза на повеќестрани, споредбени анализи на двете главни поетски дела на Прличев, „Сердарот“ и „Скендербеј“, во потрага по изворната инспирација на поетот. Запазувајќи го строгиот научен пристап во истражувањето, авторот длабоко навлегува во тајните на творечката поетска лабораторија и открива двојно влијание во овие две значајни поетски дела. Од една страна тука е добро познатото влијание на Хомер, а од друга страна  се издвојува до сега скоро незабележано влијанието на византиската епска традиција. Пристапувајќи му на поетското дело на Прличев од овие два аспекта, авторот остварува продлабочен увид во генезата на неговото творештво, истакнуваат од „Матица македонска“.

            Од областа на книжевноста и книжевната наука акад. Витомир Митевски ги објавил книгите:

Хомер и ПрличевВлијанието на хомерската поезија на Арматолос и Скендербеј од Григор С. ПрличевАнтичка епика. Хелада и Рим;  Епски теми. Античката и македонската епска поезијаСенката на Марко Крале. Античката, византиската и македонската епска поезија; Преглед на византиската книжевност; Византиско-македонски паралели. Епска поезија; Прличев и епската традиција, како и на препевите: Хесиод, Дела и дни и Византиска епска поезија. Исто така тој е автор и на драмските дела: Прличев. Сценски приказ на поетовата судбина и Плениците на Сатанаил. Драмски приказ на богомилството во времето на Цар Самуил.

Поврзани вести