
Македонскиот нордиски скијач Ставре јада, како наш претставник на Светското првенство кое се одржува од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за Зимските Олимписки игри 2026 во Милано. Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги заврши квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех, соопшти Скијачката федерација на Македонија.
На 27 февруари, на квалификациската трка, Македонецот го зазеде 126. место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107. место.
Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, Јада се најде на 41. место.
– Овој резултат е доказ за упорноста, трудот и посветеноста на македонските скијачи, кои и покрај сите предизвици, чекорат храбро напред кон светската сцена. Јада не само што стекна уште едно непроценливо искуство на најголемата сцена во нордиското скијање, туку и го постави темелот за македонскиот настап на Олимписките игри во Милано 2026. Со македонскиот борбен дух и несебична посветеност, продолжуваме да ја пишуваме историјата на нашето скијање, додаваат од федерацијата.
Зимските Олимписки игри идната година ќе се одржат во Милано и Кортина од 6 до 22 февруари