Skip to main content

Нетанјаху сака да ги зацврсти односите со Русија, испрати специјален воен претставник во Москва

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да ги зајакне врските на Израел со Русија, пренесува израелски „Ynet“. Според изданието, тој го испратил својот воен секретар во Москва на средби со руски претставници.

Една од целите на ваквите контакти е тоа што Израел сака да ја задржи Сирија „слаба“ и ја претпочита Русија пред Турција како доминантна сила во регионот.

Во позадина на акутната криза меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, која ескалира на невиден начин во Белаа куќа, „Ynet“ дознава дека и Израел се обидува да ги преиспита своите односи со Русија. Како што пишува весникот, сега премиерот Нетанјаху го испратил својот воен секретар, генерал-мајор Роман Гофман, на серија безбедносно-политички состаноци во Москва, со цел координација и зајакнување на соработката меѓу земјите, притоа задржувајќи ги безбедносните интереси.

Со ваквата постапка, Израел всушност јасно избира страна – ги претпочита Русите пред Турците и всушност се обидува да ја истисне Анкара од Сирија. Друга цел на состанокот е да се побара од Русија да изврши притисок врз Хамас, преку посредници, да го унапреди договорот за ослободување на заложниците. За тоа придонесува и тоа што еден од заложниците кои сè уште се во заробеништво е Максим Харкин, кој има руско државјанство.

Поврзани вести