
Американскиот инвестициски конзорциум „Блек Рок“ ќе преземе две клучни пристаништа на Панамскиот Канал од кинеските сопственици, пишува „Фајненшл тајмс“.
Според изданието „Блек Рок“ се договорила да преземе две големи пристаништа на Панамскиот Канал од нивниот сегашен сопственик во Хонг Конг.

Договорот доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати изрази загриженост за наводното кинеско влијание врз каналот, па дури и се закани дека ќе го заземе со употреба на сила, ако тоа биде потребно.