Skip to main content

Прва проба за „Жива досада“, новата претстава на Македонскиот народен театар

Денеска започнаа првите читачки проби за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која играат истите како и Гоце Андонов.

Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разно-разни обврски, само за да ја избегнат досадата. Ликовите на децата, Давид и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно. Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.

Костимограф е Валентина Чонкова, а сценограф е Мартин Манев.

Премиерната изведба се очекува кон втората половина на април или на почетокот на мај 2025 година.

Поврзани вести