Skip to main content

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на антибиотици, објавија истражувачи од Израел.

Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека овој протеазом којшто е комплекс од ензими присутен во секоја клетка на телото, има досега неоткриена и непозната функција – освен што ги разградува старите протеини, може да произведе моќни молекули што ги уништуваат бактериите.

Професорот Јифат Мербл од Институтот за наука „Вајцман“ вели дека ова е револуционерно откритие, бидејќи го менува разбирањето за тоа како телото се штити од инфекции.

Поврзани вести