
Портпаролката на француската Влада денеска изјави дека е планирано заедничко патување на францускиот и украинскиот претседател и британскиот премиер во Вашингтон.
Таа истакна патувањето на Емануел Макрон, Володимир Зеленски и Кир Стармер треба да се реализира за краток рок, но не прецизира датум.
Макрон претходно најави дека вечерва ќе се обрати до нацијата, а за утре е закажан посебен Самит на европските лидери посветен на одбраната на Украина.