Skip to main content

Премиера на германската трилер – драма „Шок“ во Битола и Скопје

Германската трилер – драма „Шок“, во режија на Даниел Ракете Зигел и Денис Москито од денеска премиерно се прикажува во домашните киносали. Филмот е на редовен репертоар во киното „Милениум“ во Скопје, секој работен ден од 27 ми февруари до 5ти март во терминот од 18 часот, а денес во истиот термин од 18 часот, премиерно ќе биде прикажан и во Кинотека на Македонија.

Во петок и сабота, филмот ќе игра и во Центарот за култура во Битола во мала сала во терминот од 20:30часот, додека пак од 6ти до 8ми март ќе се прикажува и во киното „Манаки“ во Битола.

„Шок“ е современ нео-ноар трилер инспириран од класикот „Pusher“ на Николас Виндинг Рефн. Филмот, кој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Минхен, носи неизвесност, акција и мрачен реализам, поддржан од одлична продукција и извонредни перформанси на актерите, вклучувајќи го и Денис Москито.

Овој трилер раскажува за Бруно, поранешен доктор кој ја изгубил лиценцата, но продолжува да лекува пациенти кои не сакаат да се регистрираат во системот. Но, сè се менува кога адвокатот Кребер му предлага да лекува криминалец со леукемија. Неговата одлука не само што го става во средина на конфликтот меѓу ривалски банди, туку и го соочува со сопствениот зет, кој е противник на новиот пациент. Додека насилството и криминалот ескалираат околу него, Бруно се вовлекува во мрачната игра на организираниот криминал, што не само што го загрозува неговиот живот, туку и здравјето на пациентите кои се потпираат на него.

Дистрибутер на филмот е „КТ Филм и Медиа“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од German Films.

Поврзани вести