Skip to main content

Трамп го номинира коментаторот Ден Бонџино за заменик директор на ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го номинирал Ден Бонџино, десничарски коментатор, за заменик директор на ФБИ.

Трамп рече дека Бонџино за функцијата бил номиниран од Кеш Пател, чие назначување за директор на ФБИ неодамна го потврди американскиот Сенат.

„Одлични вести за полицијата и американското правосудство“, рече Трамп, додавајќи дека Бонџино е „човек со неверојатна љубов и страст кон нашата земја“.

Трамп во објава на Трут Сошл рече дека Бонџино е подготвен да се повлече од улогата на водител на „Шоуто на Ден Бонџино“, кое е 56-то најстримувано шоу на Спотифај во САД.

Бонџино претходно бил член на полицискиот оддел во Њујорк, како и член на американската тајна служба.

Поврзани вести