
Високото ниво на холестерол во крвта најчесто се открива преку крвните анализи, но постојат и неколку сигнали кои телото ги испраќа и преку кои може да препознаете дека го имате овој проблем.
Еден таков знак е појавата на состојба позната како периферна артериска болест (ПАД). Периферната артериска болест е честа состојба кога масните наслаги во артериите го ограничуваат протокот на крв во мускулите на нозете. Иако периферната артериска болест не секогаш предизвикува симптоми, може да се манифестира со забележителни знаци на нозете. Здравствените експерти идентификувале 6 такви показатели, вклучувајќи губење на косата и чиреви на стапалата.
Симптомите на периферна артериска болест често се развиваат бавно, со текот на времето. Ако симптомите се развијат брзо или нагло се влошат, тоа може да биде знак за сериозен проблем кој бара итен третман, велат експертите.
Меѓу овие симптоми, најчеста е болката при одење. Според здравствените работници, оваа болка обично исчезнува по неколку минути одмор. Непријатноста може да варира од блага до тешка болка и обично се смирува по неколку минути одмор на нозете. Двете нозе често се зафатени истовремено, иако болката може да биде посилна на едната нога, истакнуваат лекарите.
Дополнителни симптоми на заболување на периферните артерии може да бидат и сјајната кожа и еректилната дисфункција. Периферната артериска болест го зголемува и ризикот од коронарна срцева болест, водечка причина за смрт меѓу кардиоваскуларните заболувања, пишува Еклиника.