
Македонската фудбалска репрезентација своите нови квалификации ги стартува на 22. март кога гостуваме на репрезентацијата на Лихтенштајн.Ова ќе биде за нас сосема нова кампања во која што ќе се обидеме да го извадиме максимумот од оваа генерација и да постигнеме резултат со кој што ќе се гордееме.
Токму затоа бодови се потребни од секој и на секој меч, а до нив се стигнува и со поддршка од навивачите.
Па така, предмалку ФФМ објави дека во продажба се пуштени билетите за мечот кој што се игра следниот месец, и детални инструкции како да се купат истите.
Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети за мечот од квалификациите за СП 2026 во секторот од стадионот за гостински навивачи (вкупно 1232 места) по цена од 15 швајцарски франци.
Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски поддржувачи) чинат 35 швајцарски франци.