Skip to main content

Три Бубамари за МНТ

Во преполната арена „Борис Трајковски“ се одржа 28. „Златна Бубамара“ на популарноста.

На оваа престижна манифестација Македонскиот народен театар беше добитник на три награди и тоа: најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста за 2024 е Дарја Ризова, најдобар актер на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста е првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски, а наградата за најдобра претстава за 2024 година падна во рацете на маестралната актерска екипа на „12“, во режија на Синиша Евтимов.

Поврзани вести