Skip to main content

Орбан: Новата американска администрација е патриотска

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп значи дека „застапниците на глобалната либерална идеологија го изгубиле главниот град на најголемата сила во западниот свет“.

Орбан, говорејќи на состанокот зад затворени врати на владејачката Демократска партија Фидес во Балатонфуред, западна Унгарија, рече дека новата американска администрација е „патриотска и антимиграциска“ и „се залага за традиционално семејно размислување, а не за родова идеологија“, објави унгарскиот весник „Унгарска нација“.

Тој рече дека „идеологијата што пропадна во Вашингтон се’ уште владее во Брисел“, и додаде дека Унгарија ќе соработува со оние кои имаат сличен начин на размислување во Европа и Америка.

Поврзани вести