
Австралискиот милијардер Клајв Палмер неколку месеци пред изборите на национално ниво основа политичка партија, за која истакна дека е директно инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп.
Рударскиот магнат Палмер наведе Труба на патриотите (ТоП) ќе го „пресуши мочуриштето“ во главниот град на Австралија, Канбера, повикувајќи се на плановите на Трамп за драстично намалување на Владата.
Сметаме дека Доналд Трамп е многу ефикасен во намалувањето на јавната потрошувачка, изјави Палмер.
Тој е критичен и кон масовната имиграција, а исто како и Трамп препознава само два пола.
ТоП планира да има кандидати за сите 150 места во Долниот дом на австралискиот Парламент, како и во Горниот дом (Сенатот).
Палмер, е 18-та најбогата личност во Австралија со нето богатство од 2,1 милијарди долари. според Форбс. Тој претходно беше лидер на десничарската Обединета австралиска партија (УАП), а од 2013 до 2016 година беше пратеник во Долниот дом.
Палмер потроши околу 100 милиони австралиски долари за кампањата на УАП на последните федерални избори, а освои само едно место во Сенатот. Тој не успеа навреме да го регистрира УАП за овогодишните избори, што треба да се одржат до мај.