Skip to main content

Палевски побара изземање на тројца обвинители меѓу кои и Гаврил Бубевски

Љупчо Палевски Палчо пред денешното рочиште за убиството на Вања и Панче побара изземање на тројцата обвинители поради пристрасност и злоупотреба.

Конкретно првообвинетиот бара изземање на Жаклина Крстевска Јосифовски, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски.

-Фалсификувале податоци, телефонска анализа со цел нивниот сведок Ерол Османи да може да лаже-се изјасни Палевски.

Во документите има податоци од базните станици од кои е произведен лажен доказ од 22.11 2023 година кога е убиен Панче Жежовски.

Според него, во критичното време податоците од базните станици се празни.

Тој тврди дека се манипулира и со неговите податоци и разговори од базните станици.

Поврзани вести