![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/nikoloski-12-02-25-960x519-1.jpg)
Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка на општина Кавадарци и се реализираат веќе 5 проекти и сме во напредна фаза.
За оваа година повикот беше отворен и очекувам во следниот период очекувам да дојдат апликациите, а она што можам да го најавам дека на следната седница на владата очекувам околу еден милион евра да поминат за донација, за водоводни мрежи кои што трреба да бидат извадени во село Строгово и село Сопот кои што исто така ќе помогнат за подобрување за животот на граѓаните и уште една работа ни е во тек за месец јануари, бевме во близина на Кавадарци и пуштивме дел од она што треба да е експресен пат од Градско до Прилеп, односно ја пуштивме делницата од Градско до Дреново, можам да кажам интензивно се работи на делницата Дреново-Фариш на заштита на косини, на заштита на одредени безбедносни проблеми кои што ги имаше и за многу скоро ќе можеме да видиме отварање и таму – истакна Николоски.