![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/pruga-zeleznica-960x640-1.jpg)
Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата.
Во моментот на судирот во возот (ICE) имало 291 лице. Полицијата соопшти дека неповредените патници биле евакуирани и однесени со автобус до блиската станица.
Еден сопатник (55) починал на местото на настанот.
Не е утврдено што довело до несреќата. Возачот на камионот е приведен на распит.