Skip to main content

Во Гевгелија промоција на книгата „Гледна точка“ од Јани Бојаџи

Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“-Гевгелија, вечерва ќе биде промовирана книгата „Гледна точка“ од Јани Бојаџи, познат македонски режисер, продуцент и сценарист.

Како што информираат од гевгелискиот дом на културата, ова книга спојува научна анализа со белетристички елементи и е наменета за сите љубители на филмската уметност, без разлика дали се професионалци или ентузијасти.

Бојаџи успева да ја прикаже кинематографијата низ призма која ќе инспирира и професионалци и љубители, со што создава дело што е истовремено и учебник и извор на инспирација. Како што истакнува авторот, книгата од научен аспект го обработува проблемот на кинематографијата, на филмот, поточно на режисерот како генератор на сите проблеми во уметноста на филмот, но адаптирана на ниво на белетристика за да може да ја чита не само читател кој е инволвиран во уметноста на филмот, туку и најобичен читател, се наведува во поканата за промоцијата.

Бојаџи ја напишал книгата врз основа на трудови објавувани во научни списанија во последните десет години. Во неа, како што самиот истакнува, се содржани стотици цитати од познати филмски дела и автори, што дополнително ја збогатува и ја прави привлечна за сите кои сакаат да проникнат подлабоко во светот на кинематографијата.

Поврзани вести