Skip to main content

Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес

Фото: Икс

Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зграда со 54 ката во Буенос Аирес откако изби голем пожар.

Пожарот избувнал на 11-от кат од кулата Реноар 2, која е една од највисоките згради во главниот град на Аргентина и се наоѓа во областа Пуерто Мадеро.

Досега околу 50 лица добиле лекарска помош на самото место поради вдишување чад, а само едно лице морало да биде хоспитализирано

Пожарникарите вршат увид и сè уште не се знае дали има луѓе на катовите над пожарот.

Поврзани вести