Skip to main content

Дванаесет лица повредени во сообраќајна несреќа во близина на Хамбург

Дванаесет лица се повредени кога попладнево брз воз се судри со камион во близина на северниот германски град Хамбург.

Во несреќата едно лице се здоби со повреди опасни по живот и е пренесено во болница. Уште еден патник се здобил со тешки телесни повреди, а 10 лица се полесно повредени.

Полицијата се подготвува да ги евакуира преостанатите 269 патници од возот.

Во возот имало околу 300 патници.

Поврзани вести