![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija-nokje-1024x682.jpg)
Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случилa во Топанско поле во Скопје. Повреденото лице е во стабилна состојба, а според неофицијалните информации убиениот и повредениот се на возраст од околу 35 години.
Според првичните инфиормации инцидентот се случил доцна во ноќта, а на местото на настанот веднаш биле испратени полициски екипи и екипи на Итната медицинска помош.
Од градската болница „Свети Наум Охридски“ потврдуваат дека едниот од инволвираните бил донесен без знаци на живот, додека повреденото лице се наоѓа во стабилна состојба и е под лекарски надзор.
Од МВР го потврдуваат пукањето и детални информации најавуваат во текот на денот.
Мотивите за нападот засега не се познати. Неофицијално, се истражува дали станува збор за пресметка поврзана со криминални активности или за личен конфликт што ескалирал во вооружен напад.