Skip to main content

Не присуствувала ни на пола од седниците, а Беса Адеми си наплатила 400.000 денари од Академијата за судии и обвинители

Во периодот од 2022 до 2024 година, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, добила надоместоци во вкупен износ од нецели 400.000 денари од Академијата за судии и јавни обвинители, иако не присуствувала на повеќе од половина од седниците на Управниот одбор на Академијата, објавува „Фокус“. Притоа, од Академијата за порталот велат дека Адеми отсуството го пријавувала непосредно пред почеток на седниците, па немало можност да биде повикан заменик-членот на УО. Таа, пак, тврди дека поканите не биле навремено доставувани.

Според податоците добиени од Академијата за судии и обвинители, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Фокус“ објавува дека Адеми била член на претходниот состав на Управниот одбор, со мандат од 29.11.2022 до 29.11.2024 година. Исто така, таа е член и на новиот, т.е. актуелниот состав на УО, кој се конституира на крајот на ланската година (30.12.2024) и има мандат до 2028 година (30.12.2028).

Што се однесува на мандатот 2022-2024 година, според инфомрациите од Академијата, Управниот одбор одржал 41 седница, додека Адеми присуствувала на 18 седници, што значи дека таа не присуствувала ниту на половина од седниците во наведениот период. Патем, додаваат од таму, таа отсуствата ги пријавувала најчесто непосредно пред почетокот на седницата, па од таа причина немало време и можност да биде повикан заменик-членот.

Отсуствата од седници најчесто се пријавувани од кабинетот, со телефонско јавување или е-маил порака, и од таа причина не е повикана замената, велат од Академијата за судии и јавни обвинители, од каде на дополнителното прашање дали тоа значи дека Адеми добила надоместок и за седниците на кои не присуствувала, одговораат дека согласно начелото на транспарентно и отчетно работење ни ги доставија информациите со кои располагаат, но не можат да изразуваат лични ставови и мислења.

Според податоците од Академијата, во рамки на мандатот 2022-2024 година на Адеми и се исплатени надоместоци во вкупен износ од 397.835 денари. Земено по години, таа во 2022 година добила 10.00 денари за еден месец, кога се одржале 6 седници, од кои Адеми присуствувала на 5. Во следната 2023 година, пак, се одржале 11 седници, при што Адеми присуствувала на 4 од нив и добила надоместоци од 168.285 денари. И, во ланската 2024 година добила 219.550 денари за учество на 9 од вкупно 24 седници.

Целата сторија тука

Поврзани вести