Skip to main content

Загина возач во Делчево, откако со мопед излетал од пат

Вчера во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од с.Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.

Поврзани вести