Бендот за кој постои метафората ,,колку песни, толку хитови”, GIPSY KINGS, за прв пат доаѓаат во Скопје предводени од оригиналниот пејач NICOLAS REYES на 22 март (сабота) во СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ!
На чело со човекот со ангелски глас, Nicolas Reyes, кој ги има отпеано сите најголеми хитови како ,,Bamboleo”, ,,Volare” и ,,Djoba Djoba”, Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу во кое, со своите најголеми хитови ќе ни ја претстават поубавата страна на светот и животот. А ние, барем на тие 90 минути, со сигурност ќе ја почувствуваме
Gipsy Kings важат за кралеви на румбата и фламенкото во музичкиот бизнис, длабоко втемелени и запишани во историјата на “world” музиката. Имаат објавено 15 студиски албуми со преку 20 милиони продадени носачи на звук, а во 2014та година освоија ,,Греми” награда за најдобар албум, за албумот „Savor flamenco“.
A, вечната актуелност на Nicolas Reyes е повеќе од очигледна. За тоа сведочи и фактот дека, во 2023та година, Nicolas Reyes беше специјален гостин на Coldplay на нивниот стадионски концерт во Барселона, на кој заедно со Chris Martin, ги изведоа ,,Volare”, ,,Bamboleo”, како и ,,Proud Mary” во чест на Tina Turner.