![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/moskva.jpg)
Продажбата на луксузни станови во главниот град на Русија, Москва, во 2024 година се зголемил за 40%. Во истиот временски период, цената на метар квадратен се зголемила за 21%.
Ова го покажува извештајот на „Блумберг“, кој објави ажурирани податоци за инвестициските зделки во недвижен имот во Москва.
До неодамна, Париз и Лондон беа лидери во опсегот на цените на недвижностите. Во 2025 година им се придружи и Москва.
Исто така, објавено е дека во 2024 година, побарувачката на Русите за странски недвижен имот се намалила за 24%. Интересот за инвестициските трансакции паднал за 30%.
Убедливо најскапата туристичка дестинација за Русите во Шпанија е градот Марбела, каде што е поверојатно да ви биде сервирано мени преведено на руски, наместо на англиски или германски. Таму Русите имаат големо присуство и многу имоти, а воведувањето на антируските санкции ги загрижи сите луксузни продавници во околината