![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/las-vegas-1024x553.jpg)
Познатиот американски новинар Adam Loewy изнесе свое видување зошто Лука Дончиќ замина од Далас и оти причината не е дебелина или лоша форма туку дека причините се финасиски поврзани со газдите на Маверикс.
Тој ги обвини сопствениците на Маверикс дека планираат да ја преселат франшизата во Лас Вегас поради коцкање или да ја натераат државата Тексас да го промени законот што ќе им овозможи да имаат бизнис вреден повеќе од милијарда долари.
– Мавс го замени Лука, 25-годишно момче и еден од најдобрите тројца играчи во светот во моментов, за Дејвис, кој има 32 години, се бори со повреди, и тоа е потег кој никому нема апсолутно никаква смисла. За тоа сите се согласуваат, нема кошаркарско објаснување за овој потег – изјави Кратовил.
Новите сопственици Аделсон/Дејмонт и нивната сопственичка група немаат интерес за кошарка и тоа веќе го кажаа.
![](https://pressingtv.mk/wp-content/uploads/2025/02/Luka-doncic-vila-dalas-480x265.jpg)
За нив Далас е само средство за постигнување на целта, а тоа е отворање на пазарот за коцкање во Тексас, токму на местото каде што се наоѓа новата сала. Мојата трета претпоставка е дека Аделсон/Димонт се залагаат за промена на законите во Тексас за да се изгради нивното казино и тоа не им оди добро.