![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/dojavi-za-bomba-policija.webp)
По првичните вести дека дојави за бомби пристигнаа во центарските училишта „Киро Глигоров“ и „Димитар Миладинов“, дојави за бомби беа испратени и во неколку училишта во Општина Аеродром. Последната вест е дека дојава пристигна и во основото училиште „Григор Прличев“ во скопска Железара.
Учениците беа веднаш евакуирани, а наставниците ги информираа родителите да си ги земат децата.
Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) прават проверки во школите.
Во дел од нив проверките се завршени и учениците се враќаат на настава.