Вечерва, на шести февруари, четврток, со почеток во 19 часот на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра претставата „Еволуцијата на распадот“ по „Отело“ на В. Шекспир во класа по актерска игра и театарска режија на проф. Дејан Пројковски.
Изведбата е во чест на потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу МНТ и ИУ Еуропа Прима, а билетите за претставата се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата при МНТ.
Режисер е Дамјан Димовски, а композитор Дарко Спировски.
Играат: Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Ѓорѓе Нешковиќ, Леонида Гулевска и Илина Чонкова.