Skip to main content

Муртезани се сретна со новата комесарка за проширување Кос: Фокусот се реформските напори и Планот за раст

 Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која во фокусот на разговорот биле реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања (МЕП), министерот Муртезани го презентирал напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување.  Тој исто така ја нагласил посветеноста на земјата кон целосна имплементација на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март, годинава. Муртезани, изразил, воедно, увереност дека државата е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

– Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата, нагласил Муртезани.

Соговорниците размениле мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат.

Поврзани вести